4.8 C
Скопје
06:06 - 28 март, 2026

Принцот Хари имал 32 повици од кралицата по смртта на принцот Филип: „Хари, дедо си замина…“

Принцот Хари, војводата од Сасекс, добил 32 пропуштени повици од кралицата Елизабета Втора по смртта на неговиот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, пишува британски Експрес,  повикувајќи се на мемоарите на принцот Хари, хит-книгата насловена „Резерва“ (Spare).

Војводата од Единбург, Филип, почина на 100-годишна возраст на 9 април 2021 година.

Принцот Хари се сеќава дека на денот на смртта на неговиот дедо се разбудил од ѕвонење на телефонот и видел дека имал 32 пропуштени повици од неговата баба, кралицата Елизабета Втора.

„Хари…дедо си замина“, ја цитира Хари кралицата Елизабета.

Војводата од Сасекс забележал дека тој ден постојано се присетувал и на духовитоста и неверојатната смисла за хумор на дедо си, принцот Филип.

Потсетуваме, дека според најновите информации, мемоарите на принцот Хари за само 24 часа биле продадени во над 400 илјади примероци само во Велика Британија. Во Франција и Германија веќе се пуштени во продажба вторите изданија, по брзата распродажба на првите.

Вистините на принцот Хари напишани во мемоарите насловени „Резерва“ заработуваат милиони: таа е најпродаваната не-фикција книга досега во Обединетото Кралство. Во книгата војводата од Сасекс прецизира дека од продажбата ќе плати сума на некои британски добротворни организации: 1,5 милиони.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....