11.8 C
Скопје
14:06 - 30 март, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл не му го честитаа роденденот на Чарлс Трети

Принцот Хари и Меган Маркл јавно не му го честитаа роденденот на кралот Чарлс Трети од Велика Британија, пренесува Мирор.

Минатиот понеделник, на 14 ноември, Чарлс Трети наполни 74 години. Најстариот син на покојната кралица Елизабета Втора го прослави својот прв роденден на тронот.

По повод роденденот, на официјалните профили на социјалните мрежи на кралското семејство беше објавен нов портрет на Чарлс Трети. Во исто време, беше објавено и неговото назначување за ренџер на Големиот парк Виндзор.

Принцот Вилијам од Велс и неговата сопруга Кејт Мидлтон беа единствените членови на кралското семејство кои му го честитаа 74-от роденден на Чарлс Трети.

„Среќен роденден на неговото височество кралот“, напишаа тие на нивната официјална страница на Твитер, придружувајќи ги овие зборови со фотографија од кралот.

Принцот Хари и Меган Маркл не му посветија ниту една објава на Чарлс Трети ниту на веб-страницата на нивната организација Арчевел ниту на социјалните мрежи.

Од јавни честитки се воздржаа и принцезата Ана, принцот Едвард, грофот од Весекс и неговата сопруга Софи, Сара Фергусон, принцезите од Јорк Беатрис и Јуџин. А принцот Ендру технички не можеше да го направи тоа, бидејќи на почетокот на годината се повлече од социјалните мрежи поради секс скандал.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....