14.8 C
Скопје
01:00 - 23 октомври, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл ги поддржаа Кејт Мидлтон и кралот Чарлс Трети кои се во болница

Британскиот монарх ја лекува зголемената простата. Во меѓувреме, неговата снаа направи операција на стомакот.

Принцот Хари и Меган Маркл испратија пораки до Кејт Мидлтон и британскиот крал Чарлс Трети со желба да оздрават, по вестите за нивните здравствени проблеми, пишува „Мирор“.

Извор близок до војводата и војвотката од Сасекс изјави за „Мирор“ дека „кралот и принцезата од Велс добиле поддршка од принцот Хари и Меган во врска со нивното здравје“.

Инсајдерот, исто така, рече дека двојката „стапила во контакт со двете страни на различни начини за да ги пренесе нивните грижи и најдобри желби“.

Веста доаѓа неколку дена откако сопругата на принцот Вилијам беше подложена на абдоминална операција која Кенсингтонската палата ја опиша како „планирана“.

„…таа се очекува да остане во болница десет до четиринаесет дена пред да се врати дома за да продолжи да закрепнува“, се вели во соопштението објавено од претставниците на принцезата од Велс.

Подоцна, се дозна дека мајката на три деца нема да се појави во јавноста до Велигден 2024 година.

Во меѓувреме, на кралот Чарлс III се очекува да му биде извршена процедура за лекување на зголемена простата.

Изворите велат дека принцот Хари првпат дознал за здравствената состојба на неговиот татко преку медиумите.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....