33.8 C
Скопје
19:00 - 19 август, 2026

Принцезата Шарлин сѐ уште не излегла од болница, но без многу размислување се согласила на едно барање

Иако сè уште е хоспитализирана на тајна локација, принцезата Шарлин откри дека е ѕвезда на новиот стрип, кој треба да биде промовиран денеска.

44-годишната мајка на седумгодишните близнаци Жак и Габриел, принцезата Шарлин се уште е во болница на непозната локација, каде што заврши веднаш по враќањето од Јужна Африка.

Нејзиното излегување од болницата постојано се одложува, а таа сега за францускиот весник Le Parisien откри дека пред една година се согласила со барањето на Седрик Бискеј да стане ѕвезда на новото продолжение на стрипот.

Како што изјави, идејата веднаш ја воодушевила, па без многу се согласила да биде ѕвезда на шестото продолжение.

„Навистина се радувам на шестото издание на „Блиц“, кое е инспирирано од Гари Каспаров и дизајнирано од Даитаро Нишихара. На прва ме освои идејата да учествувам во новата авантура на „Блиц“ и да му се заблагодарам на авторот и креаторот Седрик Бискеј што ме покани да го откријам светот на мангата“, рече принцезата Шарлин, која моментално се опоравува од „емоционална и физичка исцрпеност“.

Нејзиниот лик ќе се најде на четири страници од стрипот, додека одржува конференција во казиното Монте Карло и се среќава со две деца кои чекаат шаховски турнир. Според зборовите на авторот, принцезата Шарлин немала никакви барања или желба за измени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blitz (@blitzofficiel)

Слични објави

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

(Фото) Лепа Брена целосно непрепознатлива прошета по улиците на Мостар – се појави без грам шминка и очила за вид

Еспресо

Оља Црногорац го покажа телото во бикини по породувањето во 41. година

E.A.

(Фото+видео) Свилен фустан долг 10 метри – Теа Таировиќ прошета на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова горда на својата ќерка — Елена матурираше, дизајнерката сподели фотографии од свечениот ден

Еспресо
Се вчитува....