04:24 - 23 октомври, 2026

Принц Вилијам ги замолил пријателите да не му се „одмаздуваат“ на Хари за исмејувањето на кралското семејство

Принцот Вилијам ветил дека „никогаш нема да ја гледа“ документарната серија „Хари и Меган“ и ги замолил пријателите „да не му се одмаздуваат“ на неговиот брат за исмејувањето на кралското семејство, пренесува Дејли меил.

Извор близок до принцот од Велс изјавил за Дејли меил дека Вилијам ги замолил своите пријатели „да не предизвикуваат конфликт“ и да не одговараат на какви било тврдења изнесени од Меган и Хари во нивниот документарец кој се емитува на Нетфликс.

Според упатените, принцот Вилијам сега е целосно фокусиран на „гледање напред“ и „продолжување со работата“ наместо да се вклучува во битка со војводата и војвотката од Сасекс.

Инсајдерот додал дека и покрај конфликтот меѓу Вилијан и Кејт и Хари и Меган,  тие сепак ќе си испратат божиќни подароци – за децата, но нема да има размена на подароци меѓу возрасните.

На 8 декември, првите три епизоди од документарецот за „Хари и Меган“ беа премиерно прикажани на платформата за стриминг Нетфликс. Следните три епизоди ќе се емитуваат на 15 декември.

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....