15:20 - 12 ноември, 2026

Маск преку имеил ги отпуштил членовите на Советот за доврба и безбедност на Твитер: „Не е најдобра структура“ за безбедност

Твитер го распушти својот Совет за доверба и безбедност, кој вклучуваше совети за безбедност на социјалната мрежа, борба против поттикнување насилство или експлоатација на деца. Ова го пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на електронска пошта што ја добиле членовите на Советот.

Во писмото се вели дека како дел од повторната проценка на начините за „инјектирање надворешни размислувања“ одлучено е дека советот „не е најдобрата структура“ за такви цели.

Според Си-Ен-Ен, тројца членови на Одборот за доверба и безбедност веќе објавиле оставки минатата недела.

Претходно, американскиот милијардер и претприемач, сопственик на Твитер, Илон Маск, изјави дека сите профили со застарени сини ознаки на социјалната мрежа ќе ја изгубат својата значка за верификација во рок од неколку месеци.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....