7.8 C
Скопје
22:57 - 31 март, 2026

Принц Хари и Меган Маркл се селат во Холивуд: Бараат дом со голема приватност и безбедност

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл имаат намера да се преселат во Лос Анџелес, пренесува порталот ТМЗ.

Извори блиски до парот изјавиле за ТМЗ дека Меган и Хари почнале да бараат куќа во Холивуд откако се откажале од барањето дом во Малибу. Прв приоритет на парот е идејата за приватност и удобност, далеку од љубопитните очи. Домот во Холивуд би им овозможил да присуствуваат на многу настани во центарот на филмскиот свет и гламурот.

Меган Маркл и принцот Хари досега престојувале, според извори на ТМЗ, во замокот на актерот и драматург Тајлер Пери во Беверли Риџ Естејтс, уште од 2020 година, сосема незабележливо и со огромна приватност. Сега пак, кралската двојка сака да се преселат на слична локација со врвна приватност и безбедност.

Принцот Хари и Меган Маркл се венчаа на 19 мај 2018 година во замокот Виндзор. На прославата беа поканети 2,6 илјади гости, меѓу кои Викторија и Дејвид Бекам, Елтон Џон, Опра Винфри, Серена Вилијамс, Џорџ и Амал Клуни и други ѕвезди. Свадбата на војводите од Сасекс ја чинеше британската каса 43 милиони долари.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....