17:04 - 1 април, 2026

Превкусна брза пита од тиквички и сланина

Ќе ве освои со вкусот, но и со едноставноста на подготвувањето. Ако сте за лесен, брз ручек, дегустирајте ја питата со тиквички и сланина.

Од намирници потребни се:

1 поголема тиквичка,

2 лажици кисела павлака,

1 чаша брашно,

2 јајца,

150 грама кашкавал,

150 грама сланина,

малку магдонос,

путер,

сол и црн пипер.

Подготовка

Тиквичката изрендајте ја, посолете ја и оставете ја некое време да ја испушти водата, потоа исцедете ја.

Префрлете ја во сад и помешајте ја со павлаката, брашното, јајцата и исечканиот магдонос. На крајот додадете ја и сланината која претходно сте ја пропржиле.

Убаво измешајте ги сите состојки, па префрлете ги во сад за печење кој сте го подмачкале со путер. Нарендајте од кашкавалот и печете на 200 степени додека питата добие златна боја.

Слични објави

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin
Се вчитува....