34.8 C
Скопје
17:41 - 2 септември, 2026

Препеј две песни, знамето на грб и терај: Јордан Митев отворено за колегите на естрадата

Пејачот Јордан Митев повторно ја разбранува јавноста со свој статус на социјалните мрежи, отворајќи тема која често предизвикува реакции.

На својот профил на Фејсбук, Митев напиша:

„Интересна и реална констатација… Доколку на олимписките игри би имало дисциплина или категорија ,ЗАВИДЛК” дефинитивно би биле прваци со златна медаља.“

Неговиот став наиде на бројни реакции, меѓу кои и поддршка од негови следбеници. Еден од фановите му упати коментар во кој се осврна на неговиот ангажман за време на пандемијата:

„Јордан те прифаќам како вреден, чесен и амбициозен млад човек, кој посебно ми се допадна, во време на пандемијата,кога бевте единствен кој апелиравте до колегите музичари, да не очекуваат субвенционирање од државата, туку да ги засукаат ракавите и да творат , да пишуват и создават нови песни. БРАВО.“

Митев не остана должен на ваквата поддршка, па возврати со подолг одговор во кој отворено говори за состојбите на македонската музичка сцена:

„Драго ми е што ја памтете таа моја изјава. За жал малку се спремни да се соочат со вистината, а и тогаш и сега, а мислам дека и во иднина, генерална слика ќе биде иста, конкретно на ,македонска сцена’ бидејќи овде малку се оние кои што сакаат да создадат и знаат што да прават, генерално владее ,,мајдсетот” како да се стигне во моменталната власт и како да се дојде до плоштадите и разно разни манифестации кои што завршуваат со ‘јада’. За продукт, треба ум и креатвност. Затоа најлесно е препеј 2 песни, по можност патриотски, знамето на грб и терај. И многу работи кои што треба да се додадат, но ајде да ги здржам за себе. Благодарам! Секое добро!“, напиша пејачот.

Фото/Фејсбук

Слични објави

(Фото) Ава Карабатиќ во прегратка на новиот пријател – покажа кој ја прави среќна сега

Еспресо

(Фото) „Станав родител“: Сергеј Трифуновиќ денес слави роденден, откри што му подари Исидора

Еспресо

Рада Манојловиќ проговори за тешкото детство на Милан Станковиќ

E.A.

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ издвоија 50.000 евра за славење на полнолетството на ќерката – еве кој е поканет од познатите

Еспресо

„Се изненадив пријатно“: Блага Петреска се потсети на младоста со фотографија од 1965 година

Еспресо

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо
Се вчитува....