15:03 - 27 ноември, 2026

Познатите се собраа на големата прослава кај Огњен Амиџиќ: Наздравуваат од срце за малата Лола

Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Со сопругата Мина ја доби ќерката Лола, име кое родителите заеднички го избраа. За брачната двојка ова е второ заедничко дете.

Претходно го добија синот Перун, додека Огњен од претходниот брак има уште еден син – Матија.

По повод раѓањето на Лола, Амиџиќ вчеравечер организирал гала прослава во еден елитен белградски локал. Меѓу првите гости пристигнал Ѓовани Бајрамовиќ, познат како кралот на ромските веселби, во придружба на својата избраничка.

На прославата присуствувале и Анѓела Игњатовиќ – Бресквица, Бојана Лазиќ, Ацо Пејовиќ, Драгомир Деспиќ – Десингерица со сопругата Невена, како и Милица и Марко Кон, кои на водителот му подариле косилка како необичен подарок. Меѓу гостите биле и Надежда Билјиќ, Душица Јаковљевиќ и многу други јавни личности.

Да потсетиме, Огњен го доби синот Матија во бракот со манекенката Данијела Димитровска, која деновиве се омажи за Јеврем Косниќ.

Таа судбоносното „да“ го изговори во кругот на најблиските, во црква, додека големата свадбена прослава, според најавите, е планирана за следната година.

Слични објави

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.
Се вчитува....