15:30 - 12 април, 2026

Познат американски актер и неговата девојка загинаа во сообраќајна несреќа: Сударот го предизвикал тинејџер

Американскиот актер трагично загина со својата девојка во страшна сообраќајна несреќа што се случи вчера.

Американскиот актер Херберт „Каубој“ Кауард, кој го глумеше човекот без заби во филмот „Deliverance“, загина во несреќа во средата попладне во округот Хејвуд, пишуваат американските медиуми.

Официјални лица на државната патрола за автопати на Северна Каролина изјавија дека 78-годишната девојка на Кауард, Берта Брукс, исто така загинала во несреќата, која се случила околу 15:30 часот на автопатот помеѓу Клајд и Кантон.

Полицајците рекоа дека Кауард (85) ја напуштил лекарската ординацијата и дека потоа бил удрен од пикап управуван од 16-годишник. Ниту Кауард, ниту Брукс не носеле бзбедносни појаси. Полицајците соопштија и дека тинејџерот не возел пребрзо.

Не е покренато обвинение.

Застрашувачкиот класик од 1972 година „Deliverance“ е снимена првенствено во округот Рабун во североисточна Џорџија, а некои од актерите биле локални жители, пренесува „Телеграф“.

Слични објави

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо
Се вчитува....