11.8 C
Скопје
13:40 - 30 март, 2026

Потресна порака на братот на исчезнатиот актер Џулијан Сендс – „ќе морам да се помирам дека го нема“

Братот на британскиот актер Џулијан Сендс, кој исчезна на планинарење во Калифорнија, вели дека се помирил со фактот дека „го нема“.

Актерот беше пријавен за исчезнат во петокот, на 13 јануари, а по него се трагаше во планините Сан Габриел во Јужна Калифорнија.

Калифорниските власти не успеаја да го лоцираат исчезнатиот Британец поради опасност од лавина.

Полицијата соопшти дека спасувачките екипи биле извлечени од планината минатиот викенд поради опасност од лавина, но потрагата продолжила со дрон и хеликоптер.

„Се помирив со фактот дека тој го нема и ќе морам да се помирам со тоа“, изјави Ник Сендс.

Финансискиот советник рече дека е подобро за него така, отколку да размислува за неговиот брат кој лежи повреден на планината.

Но, тој јасно стави до знаење дека трите деца и сопругата на неговиот брат се уште се надеваат дека тој ќе биде пронајден.

„Сите се уште се надеваме, претпоставувам, но во мојата глава се вртат мислите дека него го нема и дека веќе сум се збогувал со него“.

Поради непристапниот терен, актерот сè уште не е пронајден, ниту пак се откриени траги за да се утврди неговата локација, велат од Одделот на шерифот на округот Сан Бернардино.

„Потрагата ќе продолжи, ако дозволат временските и копнените услови“, додаваат тие.

 

 

Слични објави

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо
Се вчитува....