11.8 C
Скопје
16:05 - 30 март, 2026

Последните денови на Тони Монтано: „Самотијата го уби, живееше во сиромаштија…“

Рок пејачот Велибор Миљковиќ, во јавноста познат како Тони Монтано, вчера беше пронајден мртов во својот стан.

Тони во последните години се повлече од јавноста, а неговите соседи зборуваат за тоа како живеел.

– Во последните 10 години од животот имаше многу проблеми со финансиите бидејќи не можеше да живее од авторски права, ќе капнеше ваму-таму, но не доволно за да ја прескокне границата на сиромаштијата. Ниту годините не беа на негова страна, па не можеше да настапува во мера што би била задоволителена, а искрено немаше многу покани за настапи, дојдоа некои други времиња – вели изворот за српски „Курир“.

– Станот во кој живеел го продал на својот братучед и со тие пари успеа да добие се што му треба за пристоен живот. Во последните неколку месеци често зборуваше дека сака да се врати во родниот Бојник и таму да живее во мир, достоинствено. Ми рече: „Во Бојник секој што ќе ме сретне ми посакува добар ден, додека во Белград не ми се јавуваат ни луѓе што ги познавам. Таму имам се што ми треба и сакам да бидам среќен таму и да го чекам крајот“ – изјавил многу близок извор на Тони.

Ова сознание го потврди и неговата прва сосетка.

– Го продаде станот и дојде овде пред два дена со големи торби да спакува некои работи. Неговиот вујко и тетка живеат веднаш до него, врата до врата, и се многу добри луѓе. Тони немаше љубов и внимание и затоа не му беше добро психички во последните неколку дена. Го уби осаменоста – рекла сосетката.

Да потсетиме, испратената патрола на лице место ја затекнала Снежана Миљковиќ, роднина на Тони, која изјавила дека не им се јавува на телефон и не ја отвора вратата од станот. Ангажирале бравар кој го отворил станот, каде во фотелја бил пронајден музичарот кој веќе бил мртов. Екипа на Брза помош излегла на местото и констатирала смрт. Истражната екипа извршила увид и го запечатила станот. Нема знаци на насилна смрт.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....