Српскиот пејач Љуба Перуќица (36) за првпат јавно проговори за својата поранешна врска со српската пејачка Александра Пријовиќ (30), потврдувајќи ги долгогодишните шпекулации за причините за нивното раскинување.
Перуќица потврдил дека тој и Пријовиќ биле во врска две години, како и дека раскинувањето следело по период на заладување на односите. Како што раскажал во интервју за „Хајп ТВ“, одлуката да го напушти заедничкиот стан ја донел по долго размислување и разговор со семејството. Според неговите зборови, разделбата била емотивна и тешка, а неговата поранешна партнерка Пријовиќ го молела да не си оди.
„Кога заминував, беше потресно. Воопшто не ми беше лесно. Поминавме многу време заедно, сешто пројдови… Таа ме молеше да не одам, по моето заминување повторно разговаравме, се обидов да ја смирам. Веќе не беше пријатно, сакав да се разделиме. Но, се трудев да не ја повредам, едноставно никогаш не сум таков човек. Во некои моменти не можеш да одиш против себе. Раскинавме, беше болно, можеби повеќе за неа отколку за мене…“ рекол тој.
Пејачот потврдил дека бил неверен во текот на нивната врска, истакнувајќи дека не се обидува да ги оправда своите постапки, туку дека двајцата биле многу млади. Тој навел дека во тоа време не зборувал отворено за тоа за да не ја повреди уште повеќе партнерката, како и дека сметал дека раскинувањето е единствената правилна одлука.
„Вистина е дека ја изневерив, но тоа е глупава тема. Луѓето сето тоа го земаат здраво за готово и грдо гледаат на тоа. Не се оправдувам себеси, но што прават 24-годишните момчиња. Ние бевме пар како и секој друг и не знам зошто се крена толку врева околу тоа. Бевме многу млади. Машко си, млад, луд, сè ми беше на дофат на рацете… Затоа и си заминав, бидејќи сфатив дека тоа нема да функционира. Не ѝ кажав дека ја изневерив затоа што не сакав да ја повредам уште повеќе. Не лажев, тоа беше премолчено, таа никогаш не ме праша за тоа“, рекол тој.
Перуќица нагласил дека денес гледа на минатото без горчина и дека двајцата ги продолжиле своите животи и основале семејства. На прашањето за наводите дека и тој бил изневерен, тој одговорил дека за тоа нема никакво сознание, како и дека не сака да изнесува претпоставки за другите.
