6.8 C
Скопје
04:08 - 21 октомври, 2026

Поранешната љубовница на Дејвид Бекам проговори за документарецот: „Не ја кажа вистината!“

Ребека Лос повторно проговори за медиумите за нејзината наводна афера со Дејвид Бекам.

Нивната афера се случила, како што рекла таа, на почетокот на 2000-тите додека Бекам настапувал за Реал Мадрид, а Ребека му била лична асистентка.

Утринава Ребека гостуваше во емисијата Good Morning Britain на ITV.

„Подраго не би зборувала за ова“, одговори таа на прашањето како е да се биде повторно во центарот на вниманието сега откако беше објавен документарниот филм за Бекам, во кој парот се навраќа на поранешната афера на фудбалерот.

„Го оставив тоа зад себе, продолжив со својот живот. КОга излезе овој документарец, многу се трудев да останам настрана, но многу ми пречеше како ја раскажа приказната и колку е погрешна. Се разбира дека јас сум виновна, но и тој е. За танго се потребни двајца, не е тој виновен, двајцата сме“ – рекла Ребека.

Бекам никогаш директно не го признал неверството, на што Лос рече:

„Тој не го негираше тоа. Тој рече дека моите тврдења се смешни. Смешно не е негирање, смешно може да биде вистина. Смешно е термин што адвокатите го користат за своите клиенти кога не сакаат да признаат дека тоа е вистина“, рече Ребека во емисијата.

Исто така, Ребека тврди дека не добила однапред никакво предупредување дека документарецот ќе се емитува, но признала дека и таа самата не ги известила Бекамови кога во јавноста излезе со приказната за аферата во раните 2000-ти.

„Значи, сега сме квит“, рече таа.

На прашањето како ѝ изгледа Викторија во документарецот, Лос рече дека се чувствува природно и дека е прилично искрена.

„Но, дознав дека документарецот е снимен од продуцентската куќа на Дејвид и е продуциран од неговиот најдобар пријател. Затоа, мислам дека многу важбале“, вели таа.

За претходно објавување во јавноста со нејзините тврдења, Лос рече:

„Посакувам да го направев поинаку, секогаш го велев тоа. Тогаш советот што го добив беше: Ова е вистинскиот начин, целата моќ е во медиумите. Денес, фала богу, адвокатите имаат моќ и тоа е многу побезбеден начин. Некако посакувам да одев по тој пат, но не можам да се вратам во времето“.

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....