-4.2 C
Скопје
02:12 - 25 ноември, 2024

„Направија сѐ за да ги разделат Том Круз и Никол Кидман, ја сметаа за негативно влијание“, тврди поранешен член на скиентолошката црква

Том Круз почна да се дистанцира од скиентологијата додека, во 1997 година, го снимаше „Очи широко затворени“ на Стенли Кјубрик со неговата тогашна сопруга Никол Кидман, филм чие снимање беше исклучително напорно за него. Така пишува Мајк Рајндер во својата книга „Милијарда години: Моето бегство од животот во највисоките рангови на скиентологијата“.

Поранешен висок припадник на таа контроверзна црква вели дека Круз почнал да ги игнорира повиците на нивниот шеф Дејвид Мискавиџ додека снимал во Лондон. Ова го поттикнало Мискавиџ да го испрати Марти Ратбун, еден од најважните оперативци на црквата, во Велика Британија за да му направи „ревизија“ на актерот. Тоа е процес во кој член на скиентолошката црква поминува низ настаните во својот живот „за да се ослободи од негативноста и да постигне повисоко ниво на јасност“.

-Круз полека беше вовлечен назад во светот на скиентологијата и како последица на тоа тој се дистанцираше од Никол, пишува Рајндер.

Актерот ја довел својата сопруга во црквата на која и припаѓал со години пред тоа, но таа никогаш не изразила „особен интерес за курсевите и ревизиите“, објаснува Риндер во својата книга.

Не помогнал ниту фактот дека нејзиниот татко е психијатар бидејќи, според скиентологијата, психијатрите неправилно се грижат за пациентите и премногу се потпираат на лекови.

-Да не беше г-ѓа Круз, таа никогаш немаше да може да влезе во повисоките нивоа во црквата поради семејната поврзаност со психијатријата – тврди авторот и додава дека поглаварите на црквата Кидман ја доживувале како закана и негативно влијание врз нивниот најпознат член.

инстаграм

-Ратбун, во договор со холивудскиот адвокат Берт Филдс, го ангажираше озлогласениот приватен истражител Ентони Пеликано да ја шпионира Никол и да го прислушува нејзиниот телефон – пишува Риндер. Инаку, Пеликано поминал повеќе од една деценија во затвор за низа кривични дела како што се рекетирање, нелегално прислушување, заговори и нелегално поседување експлозиви и бомби.
Секако дека скиентолошката организација веднаш реагирала на книгата и побрзала да одговори на прашањата од медиумите.

–Црквата никогаш не наредила ниту учествувала во какво било незаконско прислушување. Мајк Рајндер е непоправлив лажго кој сака да профитира од лаги. Тој заработува со тоа што го предводи озлогласувањето на неговата поранешна црква и нејзините водачи преку лажни полициски извештаи, запалива пропаганда и лажни приказни во медиумите, изјавија тие за Page Six.

инстаграм

Во книгата, исто така, се тврди дека Ратбурн ги свртел двете посвоени деца на парот, Изабела и Конор, против нивната мајка воведувајќи ги во учењата на основачот на скиентологијата Л. Рон Хабард за таканаречените супресивни личности или СП. Според скиентологијата, тоа се асоцијални личности, а истата етикета ја добиваат сите оние кои на кој било начин се противат на црквата и мора да бидат замолчени или уништени.

– Кога Том и Никол се разведоа, Мискевиџ беше пресреќен бидејќи повеќе немаше никакво „негативно влијание“ од Никол и таа веќе не го оттргнуваше од црквата. После тоа, Круз стана уште пожесток во јавната поддршка за скиентологијата и Мискавиџ, пишува Рајндер

Инаку, слични тврдења за влијанието на скиентолозите врз бракот Круз – Кидман и годините по него имаше и актерката Леа Ремни во нејзината книга „Проблематично: Да се преживее Холивуд и скиентологијата. Денес таа е најгласниот противник на таа црква, а Рајндер со години работи со неа на разоткривање на тајните на скиентологијата.

Ремини во својата книга пишува дека во 2006 година се возела во автомобил со децата на Кидман и Круз, по неговата венчавка со Кејти Холмс. Ремини ги прашала децата дали ја виделе нивната мајка по разводот на нивните родители во 2001 година, и Изабела наводно и одговорила, „Не, ако се прашувам јас, мајка ни е е***а СП.

Слични објави

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Џорџина Родргиез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо
Се вчитува....