13.8 C
Скопје
10:43 - 20 април, 2024

Полусестрата со помош на 19 сведоци сака да докаже дека Меган Маркл ја клеветела: И Опра оди на суд?

Полусестрата на Меган Маркл, Саманта Маркл, побарала од судот да повика одредени луѓе да сведочат во нејзината тужба за клевета против војвотката од Сасекс. Наводно, на списокот на нејзиниот адвокатски тим има дури 19 имиња, меѓу кои се и Опра Винфри и принцот Хари, авторите на биографијата „Наоѓајќи ја слободата“, Керолин Дуранд и Омид Скоби, како и мајката на Меган, Дорија Рагланд.

Речиси е сигурно дека таткото и братот на Саманта, Томас Маркл и Томас Маркл Џуниор ќе сведочат на страна на тужителката.

инстаграм

Саманта, која живее на Флорида, поднесе тужба против полусестрата Меган во средината на 2021 година поради, како што тврди, лаги кажани за време на експлозивното интервју со Опра Винфри минатата пролет. Таа смета дека била клеветена и во книгата „Наоѓајќи ја слободата“, биографијата на семејството Сасекс која го опишува нивното бегство од британското кралско семејство, а за која некои детали додаде и самата Меган. Таа ги пласираше нејзините изјави преку тогашниот секретар за комуникации на Сасекс, Џејсон Кнауф, за што Кнауф дури и сведочеше на суд во еден неповрзан случај.

Саманта тврдеше дека „лажните тврдења и злонамерните лаги“ околу приказната на Меган за кралското семејство предизвикале „понижување, срам и омраза од светски размери против неа “, па затоа бара оштета од 100.000 долари.

За време на интервјуто со Опра, Меган рече дека „пораснала како единица“ иако има полусестра Саманта и полубрат Томас.

-Но таа перцепција сама по себе е неутешна. Тешко е да се замисли поинтимно, посубјективно чувство од тоа како некој гледа на сопственото детство – објасни адвокатскиот тим на војвотката – изјавата на Меган дека израснала како единица очигледно не требаше да биде изјава за објективниот факт дека нема генетски браќа и сестри или полубраќа и полусестри.

инстаграм

Адвокатот на Меган, Мајкл Камп, исто така тврди дека нејзините коментари во интервјуто со Опра се заштитени со Првиот амандман на Уставот на САД, кој меѓу другото зборува и за слободата на говорот.

Тој вели дека тврдењата на полусестрата дека Меган е одговорна за дел од текстот во книгата „Наоѓајќи ја слободата“ се само обид да се спаси случајот кој е на стаклени нозе. Адвокатот на војвотката смета дека, со оглед на тоа што таа не ја напишала книгата, не може да биде одговорна за нејзината содржина.

Откако листата на барани сведоци стана јавна, Камп рече дека треба да почека додека не се реши предлогот на Меган за отфрлање на целиот случај. Таа и нејзините адвокати сметаат дека случајот е без никаква основа и дека во овој момент судењето „…би било непотребен спектакл и губење време, пари и ресурси на странките“. Американските и британските медиуми пишуваат дека Меган сигурно ќе направи сѐ да не се одржи судењето и нејзиниот сопруг Хари да не учествува преку давање изјави или сведочење.

Засега не се знае кога судот ќе одлучува за отфрлање на тужбата или за продолжување на судењето.

Слични објави

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо
Се вчитува....