7.8 C
Скопје
20:55 - 30 март, 2026

Поранешен асистент на Елизабета Втора: Принцот Хари не би се оженил со Меган Маркл доколку Дијана беше жива

Поранешниот асистент на Елизабета Втора изјави дека принцот Хари никогаш немаше да се ожени со Меган Маркл доколку неговата мајка, принцезата Дијана беше жива, пренесува Мирор.

Додека голем број поединци во кралските кругови претходно ги изразија своите мисли дека врската на војводите од Сасекс „ќе заврши со солзи“ и дека Хари е „емоционално зависен“ од Меган, друг извор од висок профил верува дека парот никогаш не би се сретнал и не би се венчале ако Дијана, принцезата од Велс, беше жива.

„Да беше жива принцезата Дијана денес, немаше да ги поминеме сите овие скандали со Хари и Меган. Дијана имаше бистар ум и беше многу практична. А Хари за време на нејзиниот живот беше многу разумен. Да беше жива Дијана, Хари ќе заземеше сосема поинаков курс и ќе беше дел од семејството, работејќи за доброто на кралот“, рече Дики Арбитер, поранешен прес-секретар на покојната кралица.

Во последниве години, принцот Хари постојано зборуваше за проблемите со менталното здравје со кои се соочи по смртта на неговата мајка во 1997 година.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

apostolova

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....