22:01 - 6 ноември, 2026

(Фото) Пораката на помладата ќерка синоќа ја расплака Карлеуша: Ова ја дочекало во семејната вила, со својата одлука шокираше

Српската поп пејачка Јелена Карлеуша денеска, 17 август, слави роденден, а нејзините ќерки Атина и Ника ја изненадиле точно на полноќ.

Карлеуш во вилата на Сењак ја дочекале букети цвеќе, но и нејзиниот портрет што го насликала нејзината ќерка, како и порака што ја расплакала.

– Драга мамо, среќен роденден! Ти посакувам сите желби да ти се остварат, секогаш да бидеш среќни, сакани и заштитени од лоши луѓе. Ти посакувам секогаш да го имаш својот позитивен начин на размислување и да не дозволиш никој да ти го одземе тоа што го носиш во себе. (Твоето ЈАС). Ти си најсилната личност на светот, начинот на кој се избори со омразата, неправдата е нешто што не можеше секој да го направи. Те почитувам и ти се восхитувам поради тоа каква личност си, како им се обраќаш на луѓето, како шириш љубов, како се изразуваш и поради твојот хумор, како оставаш добри пораки и твојата искреност. Не се плашиш да бидеш своја и да го кажеш своето мислење. Ти си мајка една во милијарда, всушност во бесконечноста. Уште една Јелена Карлеуша никогаш нема да се роди повторно, бидејќи си навистина извонредна и посебна личност. Знаеш да почувствуваш како некој се чувствува, дури и кога таа личност не ти кажр ниту еден збор. Сакам да уживаш во денешниот ден и, секако, уште повеќе сакам секој ден да ти биде посебен – напишала помладата ќерка на Карлеуша, Ника.

Јелена ја добила оваа емотивна порака точно на полноќ во вилата на Сењак во Белград.

Инаку, Карлеуша синоќа на својот роденден отвори и нов инстаграм-профил синоќа и тоа неколку месеци откако нејзиниот стар беше целосно исклучен.

Атина и Ника веднаш ѝ се обратиле за тоа, па воедно заедно со роденденот ѝ го честитале и враќањето на мрежите.

По бројните напади, пријави и претходни исклучувања на профили, Карлеуша одлучи да се врати на социјалната мрежа каде што со години важеше за една од најдоминантните и најследени ѕвезди во регионот.

Новата страница веќе привлекува огромно внимание, а нејзиното враќање доаѓа по турбулентен период во кој нејзиниот Инстаграм беше затворен или повеќепати недостапен. Сепак, Карлеуша не се откажа – отвори нов профил и јасно изјави дека не можат само така да ја отстранат од сцената.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....