13.8 C
Скопје
11:17 - 10 март, 2026

Попоски: Врнежи, лапавица и поинтензивен снег, на планините снег за скијање, еве кога

– Под влијание на изразена циклонска активност со центар над Медитеранот, во следните часови, како и во текот на претстојната ноќ врнежите од јужните и од југоисточните предели од Македонија ќе се прошират насекаде низ државава.  На местата со надморска височина од 1000 метри па нагоре ќе има врнежи од СНЕГ и ќе се формира нова снежна покривка (над 15 см, а на планините дури и над 20 см снег).

Снежната граница особено во западните предели локално ќе се спушти и под 1000 метри, со што појава на ЛАПАВИЦА ќе има понекаде и во градовите (можно е и тука формирање на снежна покривка). Ќе продолжи да дува северниот и североисточниот ветер, и особено Долж Повардарието ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Потоа во следните денови останува НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО и наутро температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу, па и под нулата. Најстуден ден ќе биде утрешниот кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени.

Инаку во следните неколку денови продолжува променливото време со повремени локални послаби врнежи од дожд и снег. Појава на ЛАПАВИЦА и понатаму ќе има и на некои пониски места особено на запад и север од Македонија.

Во Скопје исто така се очекуваат ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, додека на околните планини ќе паѓа снег а температурата ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намали.

НАПОМЕНА: За време на овој голем влажен бран на повеќе места ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2), вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin

Рушка Јакиќ и Вања Булиќ проговорија за „вонбрачното дете“: „Веднаш ја повикав неговата сопруга“

E.A.

Бресквица се огласи по тврдењето дека Лука Дончиќ се разведува поради неа: „Јас сум виновна за сè?“

Еспресо

Дарко Лазиќ конечно „избега“ од Малдиви, но доби лоши вести по 11-часовниот лет: „Ми се смачи одморот“

Еспресо
Се вчитува....