09:34 - 11 април, 2026

Попоски предупредува на временски непогоди, еве ја деталната анализа

Во Македонија и понатаму продолжува ДОЛГИОТ период на променливо облачно време, повремено со сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд. Утре попладне локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.

Од недела, па во текот на следната седмица врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, локално проследени со грмежи и со засилен ветер. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.

Температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, а во централните и во југоисточните предели повремено и до околу 25 степени. Поизразен топол Африкански бран и понатаму нема на видик и за истиот ќе се изначекаме.

Во Скопје исто така продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд. Во следниот период во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 18 до 21 степен.

Ако вака останат работите, не само мај, и месецот јуни ќе го поминеме со многу нестабилно време со почести врнежи (МОЖНИ СЕ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ НА БАЛКАНОТ, КАКО И КАЈ НАС ВО МАКЕДОНИЈА) – предупредува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....