8.8 C
Скопје
04:34 - 4 април, 2026

Попоски предупредува на обилни дождови и невреме, еве каква ќе биде следната недела

Под влијание на циклонска активност од запад, во Македонија продолжува долгиот период на променливо облачно, но ПОТОПЛО време со повремени врнежи од дожд. Во првите денови од следната седмица ќе биде и нестабилно и тоа особено во вторник и на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Исто така во почетокот од следната седмица и тоа поради изразен циклон од запад ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од јужен правец.

Во Скопје исто така продолжува променливото време, а ќе има и појава на повремени врнежи од дожд, додека особено во вторник врнежите ќе бидат поројни и порлседени со грмежи и засилен ветер.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење во следниот период ќе бидат повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, а од средината на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат и до 28 степени.

Долготрајна стабилизација на временската состојба на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија нема на видик, што значи дека и понатаму ќе бидеме под чести влијанија на циклонски активности и на влажни воздушни браново – МОЖНИ СЕ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ! – предупредува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....