7.8 C
Скопје
19:48 - 1 април, 2026

Попоски предупредува на циклон кој ќе ја зафати Македонија: Ни доаѓа невреме и поројни дождови, еве кога

– Под влијание на циклонска активност од југ, и на влажна и нестабилна воздушна маса, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Локално во текот на следната седмица ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 50 л/м2).

И во Скопскиот регион понатаму во следните денови ќе има честа појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е појава и на НЕВРЕМЕ.

Апелираме во случај на појава на НЕВРЕМЕ и на електрични празнења, како и на силен ветер, граѓаните да бидат ПРЕТПАЗЛИВИ.

Температурите ќе бидат без поголеми промени, и во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....