6.8 C
Скопје
10:58 - 21 февруари, 2026

Попоски: Опасност од појава на невреме, еве кога

– Денес попладне особено во западните предели ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд, додека утре особено попладне ќе има развој на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер во зоната на нестабилност а има услови и за сосема ретка појава на суградица и на град.

Во недела Атмосферата ќе биде постабилна, иако попладнето повторно ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад, на почетокот од следната седмица Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер во зоната на нестабилност, електрични празнења а има услови и за појава на суградица и на град.

Во Скопје очекуваме слично време, особено во почетокот на следната седмица ќе растат условите за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите и покрај ова остануваат ПРОЛЕТНИ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо
Се вчитува....