18:41 - 1 април, 2026

Попоски најавува вистинска зима – студ, снег и дождови, еве кога

– Денес ќе има локални слаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Повеќе врнежи денес и тоа во овие претпладневни часови ќе има во источните предели од Македонија.

Потоа во следните денови ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и претежно облачно. Ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег, или мокар снег на пониските места, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Односно ветерот ќе биде од источен, југоисточен и повремено од северен правец.

Во Скопје и понатаму во следниот период ќе има повремени послаби врнежи од дожд, или од дожд и снег. На околните планински места врнежите ќе бидат само од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека истите за време на викендот ќе бидат уште пониски и тогаш на планинските места ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак, ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....