9.8 C
Скопје
18:01 - 30 март, 2026

Попоски најавува високи температури до 28 степени, еве кога

-Под влијание на ТОПЛА воздушна маса од југ, од утре па за време на викендот температурите краткотрајно, но ЗНАЧИТЕЛНО ќе се покачат и истите речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат и до рано – летни 28 степени.

Утре и во сабота времето ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТАБИЛНО и со повеќе сонце, а утре само во југоисточните предели ќе им а услови за локален пороен дожд проследен со ретки грмежи и тоа во попладневните часови.

Потоа од недела попладне, па во текот на следната седмица влегуваме во нов ДОЛГ период на нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на ситен град. Температурите следната седмица повторно ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.

Во текот на следната седмица температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а ќе има денови и со уште пониски температури, кога истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за месец мај.

Во Скопје во следните денови температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 24 степени, а во текот на следната седмица истите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат (под 20 степени) а ќе има и почести врнежи од дожд – вели метеопрогнозерот Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....