13:55 - 9 ноември, 2026

Судот во Њујорк донесе пресуда – што ли сега ќе направи Ед Ширан?

Ед Ширан не ја плагирал песната „Let’s Get It On“ на Марвин Геј кога ја компонирал „Thinking Out Loud“, пресуди судот во Њујорк. Британскиот музичар постојано негираше дека искористил елементи на оваа песна во својот голем хит од 2014.

Наследниците на коавторот на песната на Геј тврдеа дека Ширан, „Ворнер мјузик“ и „Сони мјузик“ им должат пари за кршење на авторски права. Ширан на судењето кажа дека ќе се откаже од музиката ако биде прогласен за виновен.

„Ако се случи тоа, јас сум завршил со музичката кариера“, кажа Ширан.

Тој сведочеше дека ја напишал „Thinking Out Loud“ со неговата пријателка Ејми Воџ во својот дом во Англија и дека била инспирирана од неговите баба и дедо и од романтичната врска што тукушто ја имал почнато.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....