20.8 C
Скопје
08:22 - 11 септември, 2026

Попоски најавува нагло и големо заладување: „Моќна и студена арктичка бомба“, еве кога

– До крајот на денешниот ден во Македонија ќе се задржи стабилното, суво, сончево и ПРОЛЕТНО време со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност од запад и на влажна и нестабилна воздушна маса, утре на многу места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и СИЛЕН југозападен ветер. Локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, а можна е и локална појава на суградица и град.

Утре во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон вторник и тоа поради спуштање на СТУДЕНА воздушна маса од север, очекуваме НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето, со што врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег на повисоките места и на планините (се очекува формирање на снежна покривка од 5 до 10 цм, на високите планини истата ќе биде и поголема).

Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник локално и слабо провејување на снег е можно понекаде и на пониските места (градовите).

Сето ова ќе биде проследено со СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој локално ќе достигнува брзина од 80 до 90 км/час. Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ. Исто така на граѓаните им препорачуваме своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, со цел да не дојде до некоја штета.

Температурите НАГЛО и ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат (за 10, понекаде и за повеќе од 10 степени). Најстуден ден ќе биде вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 11 степени.

Многу студено утро ќе имаме во среда кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, а на високите планински предели на северозапад дури и под -10 степени. Од четврток пак температурите ќе започнат да се покачуваат, особено преку ден а минималните температури сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата.

Инаку овој студен бран ќе зафати голем дел од Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и Македонија и ќе донесе невообичаено ниски температури за крај на месец март. Освен студ, во многу предели од Европа, како и на Балканот ќе донесе и снег.

На земјоделците со време им препорачуваме да ги заштитат своите земјоделски култури од премрзнување – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 11 септември: Не пропуштајте ја можноста да ги претставите своите идеи

apostolova

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо
Се вчитува....