09:41 - 4 април, 2026

Попоски најавува голем студ до -15 степени! Еве кога

– Во текот на измината ноќ под влијание на брз влажен и студен воздушен бран од север на повеќе места низ Македонија имаше врнежи претежно од снег, со што на повисоките места и на планините дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка. Мала снежна покривка се формираше понекаде и на пониските места (градовите).

Потоа нови локални врнежи претежно од снег ќе има во текот на претстојната ноќ и утре кога се очекува зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Мала снежна покривка се очекува понекаде и во градовите. За време на викендот на многу места ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (над 80 км/час).

Во Скопје и околината нови повремени врнежи од дожд и снег или влажен снег ќе има утре. Ќе дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец.

Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Поради продор на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса од север, од недела, па во текот на следната седмица ќе имаме МНОГУ СТУДЕНО време со МНОГУ НИСКИ температури на воздухот и истите наутро ќе се спуштаат под -10 степени, понекаде и до околу -15 степени. Максималните дневни исто така понекаде ќе се задржат под нулата и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени.

Ако вака останат работите, следната седмица не очекува претежно сув студ без врнежи од снег, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....