12:14 - 13 ноември, 2026

(Фото) Поради поранешната на Мбапе, милионер отиде во затвор: Ја демнел и ја следел, но сега таа е повторно слободна и разголена!

Не е лесно да си убава, иако околу себе ги има најпознатите мажи.

Маријалуиза Јакобели (30) е спортска новинарка со над 2 милиони следбеници на нејзината страница на Инстаграм. Во јануари 2022 година таа ја прекина врската со богатиот претприемач Франческо Анџелини од Монте Карло, а во јуни тој беше уапсен за прогонство и следење на убавата Маријалуиза.

Лани, на 21 декември, судијата на прелиминарното рочиште го осуди Анџелини на 2 години и четири месеци притвор и исто така утврди надомест на штета за Јакобели.

Ноедамна таа се отвори за нејзиното искуство за италијанскиот дневн весник Кориере дела сера:

„На 2 јануари во Монтекарло беше многу насилен со мене, ги стави рацете врз мене. Тој имаше ирационално верување дека имам афера со фудбалерот Мбапе. Таму веднаш ја повикав мојата пријателка Кристин, мојот светилник, таа знаеше сè за нас од првиот ден. Токму таа ме смируваше…Потоа многу ми се извинуваше, рече дека не знае што му се случило, ме замоли да му дадам уште една шанса“.

Маријалуиза, која е ќерка на спортскиот новинар Ксавиер, вели дека по фотографијата со Мбапе објавена на социјалните мрежи, нејзиниот демнат почнал да ја нарекува проститутка.

„Досега страдав од напади на паника, ме следеше психолог кој сè уште го гледам, се плашев да излезам од куќата и се плашев да не го најдам наеднаш внатре во куќата, како да може да се случи нешто непоправливо. Морав да се преселам. Сè уште имам инстинкт да гледам лево-десно на улица“.

Подоцна беше откриено дека претприемачот малтретирал и друга жена: „Сега тој е на психијатриска терапија. Се надевам дека тоа ќе му помогне да ја разбере сериозноста на она што го направи“, рече кон крајот на годината убавата Маријалуиза.

А дека очигледно е денес добра и поспокојна, покажуваат нејзините најнови фотографии со кои ги спобудале своите фанови.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....