3.8 C
Скопје
06:30 - 25 април, 2026

Авангардниот Пако Рабан почина на 88 години – ѝ го покажа патот на генерација дизајнери

Пако Рабан, легендарниот шпански моден дизајнер, почина на 3 февруари на 88-годишна возраст во Франција, објави неговата модна куќа на социјалните мрежи.

„Куќата на Пако Рабан сака да му оддаде почит на нашиот визионерски дизајнер и основач кој почина денеска на 88-годишна возраст. Меѓу најзначајните модни фигури на 20 век, неговото наследство ќе остане постојан извор на инспирација. Ние сме му благодарни на господинот Рабан за воспоставувањето на нашето авангардно наследство и дефинирањето на иднината со неограничени можности“. пишува на Инстаграм заедно со портретот на Рабан од 1999 година.

Пако Рабан е роден во 1934 година во Баскија во Шпанија. Работеше во Париз. Тој ја започна својата кариера во светот на модата дизајнирајќи накит за „Живанши“, „Диор“ и „Баленсијага“.

Во 1966 година, Пако Рабан ја основа својата модна куќа и ја претстави својата прва колекција облека во Париз. Облеките беа направени од нетрадиционални материјали – хартија, пластика и метал. Во 1969 година, Пако Рабан го претстави својот прв парфем „Calandre“.

„Монд“ забележува дека „смелиот избор на материјали, начинот на нивна обработка, авангардната визија и креативната слобода“ на Пако Рабан влијаеле на цела генерација на дизајнери.

Слични објави

(Фото) Романтика во Будва! Еве како Маја Шупут и Шиме уживаат во Црна Гора

Еспресо

(Фото) Хрватската мис го покажа свршеникот: „Дури и понекогаш се гледаме вака“

Еспресо

Дара Бубамара за експлицитните гласовни пораки — еве што рекла пејачката за бурната ноќ

Е.А.

(Фото) Секој мускул ѝ се отцртува – Емина Јаховиќ ги „запали“социјалните мрежи во тесни хеланки и маичка

Еспресо

Дарко Лазиќ одржа концерт посветен на покојниот брат: Планирам ова да стане традиција

Еспресо

Горан Бреговиќ купи „паметна“ куќа вредна два милиона евра! Еве каде се наоѓа уште една негова недвижност

Еспресо
Се вчитува....