3.8 C
Скопје
01:53 - 15 март, 2026

Попоски најавува ЕСКТРЕМНО ТОПОЛ БРАН, внимавајте како се однесувате со природата

– Во следните денови продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Исклучок ќе биде недела попладне, кога ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Температурите остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран од Африка и истите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, додека во централните и во југоисточните предели има услови температурите да се искачат дури и над 42 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Исклучок ќе биде недела попладне кога во делови од котлината ќе има мали услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Температурите во Скопје овие денови ќе се искачат дури до околу 40 степени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....