7.8 C
Скопје
00:00 - 1 април, 2026

Попоски: Метео-анализа за цела седмица

Топлотниот бран кој го најавивме и кој ќе започне уште од утрешниот ден, нема да биде долготраен и нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Највисока температура се очекува како и вообичаено во централните и југоисточните предели и таа локално во тој дел од државава ќе достигне до 35 степени.

Исто така, утре и во вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека од среда па натаму очекуваме нова дестабилизација на Атмосферата и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради топлотниот бран, но и поради енергијата во Атмосферата во седмицата која ни претстои има услови и за локална појава на град од поголема величина .

Како што најавивме и во долгорочните анализи за ова лето, долготрајна стабилизација на времето не треба да очекуваме. Временските непогоди и опасност од нови поплави треба да ги очекуваме во текот на целото ова лето.

Метеоролошкиот феномен “ЕЛ НИЊО” како што прогнозираат некој сајтови кај нас нема да донесе екстремна топлина, истиот носи поголема топлина ширум Европа, но не и кај нас. Напротив, ние ќе имаме лето исполнето со временски непогоди и поплави, на кои сме сведоци овие денови, дури постои опасност и од поголеми поплави (катастрофални)- вли мтеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....