8.8 C
Скопје
12:29 - 1 април, 2026

Попоски: Доаѓа ново „мини лето“, еве кога

– Иако календарски есента веќе ни започна, сепак на убавите денови им нема крај. По краткотрајната промена на времето која се случи, како и по невремето во западните и во југозападните предели од нашата држава, ни следува ново „мини лето”.

Во следните денови ќе имаме малку облаци, малку сонце, но и ветер од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

И покрај релативно свежите утра, преку ден ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, а во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе достигнуваат и до 30 степени.

Врнежи во следните денови нема да има, иако повремено и локално има услови за сосема слаб дожд.

И во Скопје и околината времето ќе биде слично, пријатно топло со ветер од североисточен правец.

Уживајте во мини летото во следниот период – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....