10.8 C
Скопје
11:32 - 30 март, 2026

Попоски: Доаѓа ли крај на летото? Снежна покривка во Алпскиот регион, есенски температури на Балканот

– Уште во првите седум денови од август на Балканот пристигнува вистинско есенско време, како и многу врнежи. Во Алпскиот регион очекуваме и нови интензивни врнежи од СНЕГ.
Температурите ќе бидат далеку под просекот за почетокот на август месец…Можно е дури снег да видат и највисоките планини во Словенија, на пример повторно снег може да види планинскиот врв Кредарица каде неодамна заврна снег.
Падот на температурите ќе се почувствува и кај нас, што значи оваа промена доаѓа и кај нас (најверојатно).
Ако снегот во Алпскиот регион се појавуваше во подоцните есенски месеци, сега снегот таму е честа појава ова лето.
Факт е дека глобалното затоплување не постои, и не треба толку да му се дава важност и да се објавува за него. Во тек е глобално заладување. Не значи ако десет или петнаесет денови ова лето имавме екстремно високи температури, и имаме глобално затоплување.
Ектремно високите температури на Балканскиот Полуостров најверојатно завршија. Сега според горе наведеното, следува голема промена на времето и ново заладување, и тоа уште кон крајот на седмицата, односно околу 6-7 август – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо
Се вчитува....