6.8 C
Скопје
05:43 - 30 март, 2026

Полнет модар патлиџан на турски начин, пробајте го традиционалниот рецепт за кернијарик

Кога модриот патлиџан ќе се наполни со мелено месо и сезонски зеленчук се добива kerniyarik, традиционално турско јадење. Добиениот сочен ручек се сервира со павлака или кисело млеко. Поради богатството на вкусовите, други пропратни додатоци на трпезата нема да ви бидат потребни.

принтскрин

Намирници:

2 поголеми модри патлиџани,

500 грама мелено месо,

1 кромид,

2 домати,

2 чешниња лук,

1 шака магдонос,

1 морков,

масло, сол, црн пипер,

феферонки,

кисело млеко или павлака.

Подготовка

Патлиџанот пресечете го на половина, посолете го и оставете го да отстои за да ја испушти водата. За тоа време загрејте го маслото во тавче и додадете го меленото месо и пржете додека добие смеѓа боја. Додадете го ситно исечканиот кромид, и продолжете да пржите уште 5 минути. Додадете ги ситно исечканите домати, лукот, сол и црн пипер. Пржете додека доматите станат меки, а на крајот додадете го магдоносот. Тргнете го тавчето од оганот. Патлиџанот исушете го со хартиени салфетки и зачинете го. На поголема тава загрејте две лажици масло, а кога ќе се загрее – на истата таа тава испржете ги половинките од патлиџанот на тој начин што пресечената страна ќе биде завртена надолу. Рерната загрејте ја на 200 степени. Извадете ги семките од патлиџанот, наполнете ги со смесата со месо и на врвот ставете феферонки и кришки свеж домат. Печете 20 до 30 минути и послужете ги врели додавајќи најгоре мала лажичка кисела павлака или голема лажица-две кисело млеко.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....