Една од најголемите југословенски музички ѕвезди, незаборавната Силвана Арменулиќ, го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа на денешен ден пред точно 50 години, на автопатот Белград – Ниш, кај местото Колари.
View this post on Instagram
Во тешката несреќа која се случи кога „форд гранада“ со брзина од околу 150 километри на час излета во спротивната лента и се заби во камион, животот го загубија и нејзината сестра Мирјана (Мирсада) Бајрактаревиќ, која била во шестиот месец од бременоста, како и познатиот виолинист и шеф на Народниот оркестар на Радио Белград, Миодраг Јашаревиќ.
View this post on Instagram
Силвана загинала на само 37-годишна возраст. Нејзината трагична судбина и по половина век носи бројни неразјаснети прашања и мистериозни околности околу тоа зошто автомобилот бил толку многу задржан на патот до Белград.
Животната приказна на култната пејачка, родена како Зилха Барјактаревиќ во Добој во 1939 година, била обележана со тешко детство. Поради тешката финансиска состојба и заминувањето на таткото кој се оддал на алкохолот, таа на само 16 години заминала од дома кај тетка ѝ во Сараево, каде што почнала да пее по кафаните и да ја гради својата блескава кариера, земајќи го името Силвана по славната актерка Силвана Манго.
