10.8 C
Скопје
01:24 - 4 април, 2026

Почина славниот Реј Стивенсон – „Тројца мускетари“, „Кралот Артур“, „Убиј го Ирецот“ се само некои од неговите добри улоги

Aктерот Реј Стивенсон почина на 59-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

Деталите околу смртта на Стивенсон не се познати, а единствено познато е дека тој починал во неделата.

Стивенсон постигна одлична кариера во Холивуд, глумеше во бројни успешни филмови, па дури и блокбастери како што се Тор, Кралот Артур и Панишер, а штотуку го заврши снимањето на Ашока, новата серија на Дизни од светот на Војна на ѕвездите.

Стивенсон ја започна својата кариера појавувајќи се во ТВ емисии во деведесеттите, а потоа во раните 2000-ти почна да добива акциони улоги во холивудските филмови. Неговата прва голема филмска улога беше во авантуристичкиот филм на Антоан Фуква од 2004 година, Кралот Артур, во кој тој го играше Дагонет, еден од витезите на тркалезната маса.

Во 2008 година, Стивенсон ја доби главната улога во Marvel’s Punisher: War Zone, во која го играше главниот протагонист, платеникот Френк Касл. Подоцна, тој имаше забележителна улога во филмот Тројца мускетари, глумеше и во блокбастерот на Марвел за Тор, а еден од најдобрите филмови во кој имаше главна улога е секако многу успешниот и признат крими трилер Убиј го Ирецот.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....