10:40 - 13 ноември, 2026

За тепачката со полицијата ќерката на Мик Џегер ќе плати и казна

Откако британската дизајнерка на накит и ќерка на познатиот пејач Мик Џегер, Џејд Џегер, беше уапсена на Ибица поради напад на полицаец, сега ќе седне и на обвинителна клупа, а ќе треба да плати и казна за инцидентот.

Според шпанските медиуми, Џејд била во ресторан со пријател, а двајцата во еден момент покажале агресија.

Изливи на гнев претрпеле вработените во ресторанот. Меѓу другото, пријателот на Џејд почнал да вика и да им се заканува на вработените, а потоа дошла и полиција.

Полицијата дошла и се обидела да ја смири ситуацијата, но Џејд, која наводно била во алкохолизирана состојба, бурно реагирала и ги нападнала полицајците. Полицаец се обидел да ја смири ситуацијата, а потоа нејзиниот пријател тргнал кон полицајците и почнала да вика дека се расисти.

Откако поминале две ноќи во притвор, Џејд и нејзиниот пријател завршиле на суд.

На рочиштето кое ќе се одржи за неколку дена, се наведува дека Џејд ќе плати казна од 1.200 евра за давање отпор на властите и 200 евра за нанесување полесни повреди. Нејзиниот пријател ќе плати 800 евра за напад на полицаецот, пренесува „Ел Паис“.

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....