25.8 C
Скопје
18:37 - 28 април, 2024

Почина Ракел Велч, легендарната глумица со недостижна убавина: Сакаше да живее слободно како вистинска личност, а не како ѕвезда

Велч беше прогласена за една од 100-те најсекси ѕвезди во историјата на филмoт според „Емпајар“, додека „Плејбој“ ја пласираше на третото место на најсекси ѕвезди на векот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)

Американската актерка Ракел Велч, ѕвезда на 60те години убава и недостижна до степен да стане легендарен секс симбол, почина на 82-годишна возраст. Веста за смртта на глумицата која се случила утрово по кратко боледување, ја објави порталот ТМЗ, а ја дознала од членовите на семејството.

Ракел Велч, псевдоним на Џо Ракел Техада, родена во Чикаго на 5 септември 1940 година, се смета за една од секс симболите на холивудската кинематографија помеѓу шеесеттите и седумдесеттите години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)

Во филмот „Еден милион години п.н.е.“  снимен во 1966 година таа го привлече внимание со прекрасното тело облечена во оскудно бикини од еленска кожа.

Во филмот „Еден милион години п.н.е.“  снимен во 1966 година таа го привлече внимание со прекрасното тело облечена во оскудно бикини од еленска кожа.

Актерката успеа да биде ценета и како толкувач на интензивни или драматични улоги, добивајќи две номинации за Златен глобус и освојувајќи го како најдобра актерка во комедија за улогата на Констанс Бонасие во филмот „Тројцата мускетари“ (1973) во режија на Ричард Лестер, со ол-стар актерска екипа во која беа Ричард Чембрлен, Оливер Рид, Чарлтон Хестон, Кристофер Ли и Феј Данавеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raquel Welch (@therealraquelwelch)

Со оглед на успехот на филмот, во 1974 година Велч повторно ја одигра улогата во продолжението, повторно во режија на Лестер. Во следните години актерката глуми во неколку хит филмови, а во 1987 година таа ја заработи својата втора номинација за Златен глобус за најдобра женска улога (но не ја освои наградата).

Следните речиси 20 години се повлече од филмското платно и најмногу играше во мјузикли, а повремено и во телевизиски филмови, кои се сосема непознати во Европа.

Враќањето на екранот се случи во 1994 година со улога во филмот „Гол пиштол 33 1/3“. Нејзиниот последен забележителен успех беше улогата во филмот „Legally Blond“, кој беше снимен во 2001 година.

На деветнаесетгодишна возраст, за прв пат се омажила за момче од нејзиното средно училиште Џејмс Вестли, со кој ги добила ќерката Тања и синот Дејмон.

По шест години брак, кој долго време го криеше од јавноста поради кариерата, парот се разведе. Една година подоцна, најпосакуваната жена во Холивуд го даде своето срце на Патрик Кертис, кој беше нејзин менаџер четири години. Следеа пет години брачна среќа, но прекумерната љубомора на Кертис доведе до развод. Познатата актерка се шпекулираше и дека била во врска со Френк Синатра, Дин Мартин и Елвис Присли.

По раскинувањето со продуцентот Роберт Еванс, таа реши по трет пат да го испроба брачниот живот со седум години помладиот француски режисер Андре Вајнфелд. Иако тоа беше нејзината најдолга врска, тие се разведоа на почетокот на 1990 година по десет години заедно. Потоа уште еднаш ја запокажа својата убавина снимајќи фитнес вежби кои станаа хит. Во тој период имала и помали пејачки турнеи. Четвртиот брак го склучила во 1999 година со сопственикот на ресторанот Ричард Палмер, но и тој завршил по четири години.

„Сакам да живеам слободно како вистинска личност, а не како ѕвезда. Мојата борба и верба ми се многу важни и затоа сум среќна“, објасни Ракел.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо
Се вчитува....