18.8 C
Скопје
12:13 - 21 октомври, 2026

Евровизија е семејно забавно шоу, нема место за политика – што ќе се случи со хрватскиот победник?

Натпреварот за песна на Евровизија (ЕСЦ) е семејно забавно шоу и ЕБУ очекува сите учесници да се погрижат сите уметници и амбасади да го имаат тоа на ум, како и вредностите на ЕСЦ, при подготовката на нивните настапи, особено во поглед на голотија, сексуална конотација и на севкупната провокација“. Ова е ставот на  „Би-би-си“, кој го организира финалето на Евровизија во Ливерпул, годинава, а во врска со хрватскиот победник групата „Лет 3“ и нивната песна „Мама Шч“.

Дополнително, правилата за песна на Евровизија наведуваат дека сите натпреварувачи ќе се придржуваат до вредностите на ЕСЦ и ЕБУ и не смеат да споделуваат никакви отворени политички или други мислења кои се во спротивност со вредностите на ЕСЦ и/или кои може да го доведат натпреварот на лош глас.

„Ова вклучува забрана за какви било политички изјави на избраните уметници во секое момент, без разлика дали е пред натпреварот, на сцената или надвор од неа во текот на настанот“, велат од организацијата.

Последен пат дисквалификација од Евровизија се случи во 2021 година, кога Белорусија беше исфрлена од натпреварувањето. Имено, во песната „I Will Teach You“ („Ќе те научам“) постои стих: „Ќе те научам да играш онака како што јас свирам“, што предизвика револт кај белоруските опозициски политичари бидејќи веруваа дека песната го одобри насилното задушување на протестите против долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

 

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....