18:20 - 6 ноември, 2026

Почина и вториот син на Марина Туцаковиќ: „Ненадејно, во Израел“

Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно починал денеска, дознава Pink.rs.

Блиц.рс пишува дека е пронајден мртов во Израел.

Во декември пред 14 години, Марина го загуби и синот Милош. Таа го пронајде своето дете мртво во семејната куќа во Белград, а подоцна изјави дека нема ништо пострашно од тоа да си го видите детето мртво.

Марина Туцаковиќ почина минатата година по долга борба со ракот, на 68-годишна возраст. Таа беше една од најпознатите текстописци во регионот.

Се вчитува....