23:24 - 6 ноември, 2026

Почина холивудската легенда Бил Кобс: Глумеше со Сталоне и Хенкс

Во кариерата долга пет децении, Кобс одигра скоро 200 филмски и ТВ улоги и се појави во многу познати филмски наслови, вклучувајќи го и акциониот трилер „Demolition Man“ од 1993 година и класиката „That Thing You Do!“ од 1996. номиниран за Оскар.

Почина Бил Кобс, холивудски актер ветеран познат по улогите во „Demolition Man“, „That Thing You Do!“, „Air Bud“ и многу други. Бил имаше 90 години, а оваа вест ја соопшти неговото семејство, пренесува CNN.

Веста ја потврди братот на Кобс, Томас Кобс, кој на Фејсбук напиша дека актерот починал „мирно во својот дом во Калифорнија“ во вторникот.

– Саканиот партнер, големиот брат, вујко, сурогат родител, кум и пријател, Бил неодамна и среќно го прослави својот 90-ти роденден опкружен со драгите сакани – продолжува братот во објавата.

Во текот на 70-тите и 80-тите години, кариерата на Кобс тргна во нагорна линија. Тој се појавил во различни ТВ емисии и филмови, вклучувајќи ги “Good Times”, “The Equalizer”, “One Life to Live” и “Sesame Street”. Тој, исто така, глумеше во бројни холивудски продукции, вклучувајќи ги “The Hitter”, “Trading Places” и со оксар наградениот филм “The Color of Money”.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....