11.8 C
Скопје
21:21 - 3 април, 2026

По куните во Данска следи нов шок, во Словенија е идентификувано уште едно животно позитивно на ковид-19

Во Словенија, за прв пат е потврден случај на инфекција со коронавирус кај невообичаено домашно милениче. Бизарното во оваа ситуација е тоа што животното кое се заразило од вирусот кој коси секаде низ светот е твор кој е чуван како домашно милениче. Станува збор за бел твор од видот Mustela putorius furo. Неговоте сопственици се исто така позитивни на ковид-19.

– Во вторникот, за време на тестирањето, потврдивме инфекција со коронавирус на бел твор откако имаше тешкотии во варењето на храната. Животното потекнува од домаќинство во кое претходно била потврдена инфекција со вирусот корона кај сопствениците и цело време било во куќата заедно со нив. Така што, не претставува ризик за ширење на инфекцијата – изјави Урош Крапеж, заменик-директор на Националниот ветеринарен институт од факултетот во Љубљана, објави Хина.
Крапеж изјави дека покрај луѓето, со коронавирус може да се заразат и творови како и неговите роднини од видовите глодари. Оваа информација делумно ги смирува сопствениците на мачки и кучиња, бидејќи Крапеж вели дека овој вид животни имаат помалку шанси да се заразат.

Слични објави

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.
Се вчитува....