23:16 - 7 ноември, 2026

По долго време се огласи Панки од „Куку леле“, во добро друштво

По долго време, се огласи Панки од „Куку леле“, во добро друштво и со посебен повод.

Едно нешто ги поврза Спасен Силјановски, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Панки, Роберт Саздов и Огнен Здравковски.

Огнен ја објави оваа ретка слика од суте нив заедно, а ги поврзале мезето и пијачката, па Здравковски едноставно ја нарекол оваа слика: Цело е кога има сѐ.

Фото/ Фејсбук

Инаку, најретко на социјалните мрежи се појавува Панки, кој не објавува често за неговите настапи или активности, освен ако некој не го означи.

Пејачот на дуото „Куку леле“ инаку се вика Сашо Каимовски, а во една прилика раскажа како го добил птрекарот Панки.

-Прекарот Панки ми е од средно школо. Тогаш јас така се носев како панкер, со скинати маички, скинати фармерки, скинати патики… Панкот во тоа време беше многу во мода, а никогаш не сум бил ни панкер ни ништо од тоа.

Тогаш начинот на облекување беше таков. И кога почнав во школо сите почнаа кој е панкеров, кој е панкеров кај нас во школо, и од тогаш панкер, панкер, панки, панки… и така остана”, рече Панки.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....