13.8 C
Скопје
15:01 - 17 октомври, 2026

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Пејачката Александра Пилева, која долги години живее во Чикаго, САД, навести дека би можела повторно да се врати на македонската музичка сцена. Таа сними видеопорака за социјалните мрежи, во која се потсети на победата во 2004 година и откри колку ѝ значи фестивалот што ѝ ги отворил вратите кон музичката кариера.
„Здраво, Макфест. Овде е Александра Пилева, победничката во 2004 година. За мене Макфест значи многу, ми ги отвори вратите и ми помогна во кариерата“, вели пејачката во видеото.
Пилева ја сподели видеопораката и на својот инстаграм-профил, а со описот ги заинтригира своите следбеници и љубителите на нејзината музика.
„Макфест засекогаш ќе си ми во срцето. Не сме завршени сè уште, ќе се видиме наскоро пак“, напиша Александра.
Со оваа порака, пејачката навести можна повторна средба со македонската публика и со фестивалот на кој го постигна еден од најголемите успеси во кариерата. Засега не откри дали подготвува нова песна или настап во Македонија.
Пилева е родена во Неготино, а пошироката публика ја запозна преку музичкиот проект „Плеј-потрага по ѕвезди“, каде што настапи со песната „Ангел мој“. Голем успех постигна во 2004 година, кога со песната „Нема утеха“ победи на „Макфест“, освојувајќи ги симпатиите на публиката и признание за најдобра интерпретација.
Во 2013 година, Александра со сопругот Зоран Чадиев, поранешен тренер на македонската женска одбојкарска репрезентација, и нивниот син Лука се пресели во Чикаго. Пред заминувањето во Америка, сопружниците имаа и свој рок-бар во Скопје.
Во Америка, Пилева започна ново професионално поглавје и денес работи како агент за недвижности. Сепак, не се откажа целосно од музиката и повремено настапува пред македонската публика во САД.
Неодамна, во поткастот „Марија во Америка“, Пилева отворено зборуваше за одлуката да ја напушти успешната музичка кариера во Македонија и да започне живот од почеток во Чикаго. Во разговорот се присети и на љубовната приказна со сопругот Зоран, со кого ја запознала пејачката Кристина Арнаудова.
Таа откри интересна случка од времето кога сè уште не го познавала Зоран. Додека гостувала во радио „Антена 5“, непознат слушател испратил порака дека сака да ја ожени. Дури подоцна дознала дека пораката ја испратил токму нејзиниот иден сопруг.
Александра и Зоран денес живеат со синот Лука во Чикаго. Лука успешно се занимава со тенис, а неодамна освои и прво место на турнир во Америка, со што неговите родители јавно се пофалија.
Иако веќе 13 години живее далеку од Македонија, Пилева не ја заборавила музиката и фестивалот што ѝ донесе голема популарност.

Слични објави

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.

(Фото+видео) Адриан Гаџа сподели емотивни моменти со петмесечниот син

Еспресо
Се вчитува....