17:25 - 6 ноември, 2026

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Пејачката Марија Ивановска од музичкото дуо „Ај кју“ и нејзиниот сопруг и колега Бојан Трајковски уживаат во заедничките моменти додека го очекуваат своето прво дете. Бојан на својот инстаграм-профил објави нова фотографија со Марија, на која таа позира во тесен бел фустан што го истакнува нејзиното трудничко стомаче.
„Со мојата љубов и нашето бебе“, напиша Бојан на англиски јазик на фотографијата.


Марија и Бојан во мај годинава ја споделија радосната вест дека ќе станат родители. Пејачката тогаш објави симпатично видео на социјалните мрежи, во кое покажа позитивен тест за бременост.
„Ај кју со нов член? Да не треба уште некој тест?“, напишаа тие во описот на видеото, со кое ги израдуваа своите следбеници.
Нивната долгогодишна љубов годинава ја крунисаа и со брак. Во средината на мај направија граѓанска венчавка во Скопје, а на 6 јуни организираа романтична свадбена веселба на плажа на Халкидики, во Грција. На прославата присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели, меѓу кои беа пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски.
За свадбата покрај море, Марија избра кратка венчаница од тантела, а Бојан носеше светол костум. Еден од најемотивните моменти беше нивниот свадбен танц на песната „Убава“, со која победија на Скопскиот фестивал во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Eye Cue (@mariaeyecue)


Подоцна, токму снимките од нивната свадба во Грција ги искористија за видеоспотот на „Убава“, песна која по повеќе од десет години доби официјален видеозапис.
Марија и Бојан со години се партнери и во љубовта и во музиката. Како дуо „Ај кју“ ја претставуваа Македонија на Евровизија во 2018 година со песната „Lost and Found“. Последниве години живеат и работат во Лондон, а редовно се враќаат во Македонија.
Годинава за нив е особено значајна, бидејќи по свадбените прослави и заедничките музички проекти се подготвуваат за новата животна улога , да станат родители.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....