13.8 C
Скопје
16:50 - 17 октомври, 2026

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Македонската пејачка Тамара Тодевска раскажа лична и емотивна приказна за Тијама Дапчевиќ. Гостувајќи во емисијата „Топ 10“ кај Јана Бурческа на МРТ, Тамара зборувашр за новата дуетска песна со нејзината сестра Тијана Дапчевиќ, насловена „Далеку“.
Песната е инспирирана од нивниот живот и од далечината што ги разделува, бидејќи Тијана со години живее во Белград, а Тамара во Скопје. Иако се многу блиски, двете сестри често си недостигаат, а токму тие чувства ги преточиле во музика.
„Конечно, по толку години откако ја посакувавме песната”, рече Тамара, зборувајќи за дуетот што двете сестри долго време сакале да го снимат.
Песната „Далеку” зборува за сестринската љубов, разделеноста и копнежот да бидат почесто заедно. За Тамара и Тијана таа има посебно значење бидејќи ја раскажува нивната лична приказна.
Тијана, која е речиси десет години постара од Тамара, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за нивната блискост, но и за разликите во карактерите.
„Со Тамара сме слични во разни ситуации. Во работата сме темелни, кога нешто ќе почне да се работи, тоа мора до крај да се истера. А, различни сме во тоа што Тамара е поизбувлива, а јас сум посмирена“, рече Тијана.
Таа додаде дека и двете се воспитувани да го негуваат семејството, да одржуваат контакти и да бидат блиски со луѓето што ги сакаат. Во истото интервју, Тијана се потсети и на својата позната изјава за помалата сестра: „Кога бев мала, сите добиваа кукли, јас ја добив Тамара“.
Тамара неодамна го промовираше и својот нов албум „Кукла жива“, со кој одбележува 25 години музичка кариера. Во интервју за „Слободен печат“, таа зборуваше за значењето на семејството и блиските луѓе во нејзиниот живот. На прашањето кои се нејзините „диви“ и кралици, покрај другите, ги издвои мајка си, сестра си Тијана и ќерката Хана.
„Мајка ми, сестра ми, Хана, другарките мои, моите обожавателки… сите добри луѓе без кои не можам да замислам еден просечен ден и го сочинуваат мојот живот“, рече Тамара.
Пејачката се подготвува и за својот голем солистички концерт „25 години љубов“, кој ќе се одржи на 7 декември во 20 часот во “Т-арената” во Скопје. На концертот ќе ги изведе песните од новиот албум „Кукла жива“, како и најголемите хитови од својата кариера, со музичарите предводени од Џијан Емин.

Слични објави

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.
Се вчитува....