18:19 - 3 ноември, 2026

По долги години Јелена Карлеуша и Гога секулиќ повторно се пријателки

Пејачката Гога Секулиќ отворено прозборе за односите со својата колешка Јелена Карлеуша, потврдувајќи дека ставиле крај на некогашните недогласувања и лошата комуникација меѓу нив . Гога истакна дека изгледот и кариерата на Карлеуша секогаш ги ценела, а посебно ја пофали нејзината посветеност како мајка која успеала да одгледа прекрасно воспитани ќерки.

Гога не го криеше воодушевувањето за балансот што Јелена го одржува меѓу приватниот и професионалниот живот, изразувајќи поддршка и за нејзиниот однос со поранешниот сопруг Душко Тошиќ заради децата:

„Секоја чест на Јелена што успеа да ги изведе децата на вистински пат, а повторно толку многу да се занимава со професионалната кариера. Кога ќе видам дека некој издвојува толку време и труд за да се сработат квалитетни песни, спотови и добар стајлинг, тука ѝ нема рамна“.

Таа потврди дека старите недогласувања се целосно надминати и дека повторно се во контакт, откривајќи дека е поканета на претстојната роденденска прослава на ќерките на Карлеуша каде со задоволство ќе присуствува.

Слични објави

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо

Јована Јоксимовиќ проговори за неизлечливата болест: „Научив да ги сакам своите мани“

E.A.
Се вчитува....