08:51 - 7 ноември, 2026

По 60 години кариера, Дадо Топиќ објави книга со своите најпознати стихови

По повод 60 години музичка кариера, легендарниот рок-музичар Дадо Топиќ објави книга со поезија насловена „За кој живот треба да се родам“, со која ги одбележува шесте децении творештво.

Книгата, објавена во издание на „Пегаз“, содржи 60 внимателно избрани авторски текстови – по еден за секоја година од неговата богата кариера. Станува збор за стихови кои со години се пеат низ целиот регион, а сега првпат се собрани на едно место.

Текстот за творечкиот пат на Топиќ го напишал неговиот биограф Станко Фериќ, додека уредник на изданието е неговиот долгогодишен менаџер Илија Јовановиќ.

„Премиерното издание на книгата конечно е пред публиката. Во неа се наоѓаат 60 избрани песни што го одбележаа мојот живот и кариера. По моја желба, вклучена е и песна од младиот автор Никола Јовановиќ од Крушевац, посветена на мене, како знак дека рокенролот и понатаму се раѓа и го чуваат новите генерации. Ви благодарам на сите што беа дел од ова патување. Рокенролот трае“, порача Дадо Топиќ.

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....